Резеврите на злато, кои се дел од девизните резерви, достигнаа рекордни 55.142,3 килограми на крајот на септември и имаа вредност од 6,53 милијарди евра, што претставува 21,9 проценти од бруто девизните резерви, објави денес Народната банка на Србија (НБС).
Во текот на септември, количината на злато во девизните резерви е зголемена за 150,5 килограми со купување на 12 златни прачки на домашниот пазар од компанијата „Србија Зиџин Копер“, се наведува во соопштението, додавајќи дека вредноста на резервите на злато во септември е намалена за 427,7 милиони евра поради пазарни фактори.
Од почетокот на годината, на домашниот пазар се купени 2,6 тони злато, а вредноста на златните резерви се зголеми за 335,7 милиони евра поради претходно споменатата набавка на златни прачки, додека пазарните ефекти беа речиси неутрални, бидејќи намалувањето на цената на златото во американски долари за 3,1 процент беше компензирано со зајакнување на доларот во однос на еврото за 3,6 проценти на меѓународниот пазар.












