Директор и наставник беа ранети откако 14-годишен ученик пукаше кон нив во средно училиште во градот Обањ, во близина на Марсеј, соопшти францускиот министер за образование Едуар Жефре.
Според весникот „Индипендент“, кој се повикува на извештаи од локалниот печат, напаѓачот е уапсен.
Инцидентот се случи по ден исполнет со ученички протести и насилни судири со полицијата. Жефре изјави дека ќе го посети местото на инцидентот заедно со министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез.
„Соочен со овој нов напад, националниот образовен систем, како и секогаш, ќе остане обединет и силен… Овој неприфатлив чин уште еднаш сведочи за ширењето на неконтролираното насилство во нашето општество – нешто против што сите мораме да се спротивставиме. И со зборови и со дела“, напиша Жефре на „Твитер“.












