Златна статуа на Доналд Трамп, симболично наречена „Дон Колосус“, привлече големо внимание од посетителите и натпреварувачите на почетокот на голф турнирот „Кадилак Чемпионшип“ во 2026 година, кој се одржува во претседателскиот одморалиште Дорал во близина на Мајами.
Статуата, наречена „Дон Колосус“, се наоѓа на голф терен во сопственост на американскиот претседател во близина на Мајами, објави „Ју-Ес-Еј Тудеј“. На неа е прикажан Трамп со крената десна тупаница, во поза што ја зазел по обидот за атентат на предизборниот митинг на 13 јули 2024 година во Пенсилванија.
Статуата е поставена околу една недела пред почетокот на „Кадилак Чемпионшип“, кој се одржува во голф-центарот на Трамп во Дорал.
Статуата е изработена од бронза, тежи 3,1 тон и е покриена со златни листови, додека пиедесталот тежи околу 3.000 килограми. Висока е околу 4,5 метри, а заедно со пиедесталот достигнува околу 6,7 метри. Статуата е создадена од скулпторот Алан Котрел од Охајо, а е нарачана од крипто групата $PATRIOT.
Сепак, имаше спор околу плаќањето помеѓу уметникот и крипто групата. Котрил наводно добил 300.000 долари за бронзата и дополнителни 60.000 долари за позлатувањето, но спорот настанал поради повреда на авторските права откако крипто група користела слика од статуата за продажба на токени.
Скулпторот ја чувал статуата на непозната локација во Охајо и одбил да ја достави додека не му биде целосно исплатена, објави „Ју-Ес-Еј Тудеј“. Договорот бил постигнат околу една недела пред турнирот.












