Територијата на Македонија денеска и за време на викендот ќе се наоѓа под влијание на умерен топол бран оф Африка кој ќе услови да имаме умерено високи температури на воздухот. Времето ќе биде сончево, во текот на денот со појава на умерена облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од северен и од североисточен правец.
Во попладневните часови, особено во планинските предели ќе има услови за развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, објави Метеоаларм.
Во Скопје и околината во погоре споменатиот период времето ќе биде сончево и топло со појава на умерена локална облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во попладневните часови во делови од колтината ќе има услови за краткотраен дожд проследен со ретки грмежи.
Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 17 степени, во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушти до околу 14 степени. Максималните температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени. Во Скопје и околината температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 31 и 34 степени.











