понеделник, август 17, 2026
Дома СВЕТ Жена скокна од 11.кат додека огнот е зад неа! Драматичен момен снимен...

Жена скокна од 11.кат додека огнот е зад неа! Драматичен момен снимен на камера/ВИДЕО

0

Жена во Берлин за влакно избегна смрт скокајќи од 11-ти кат од запалена зграда на противпожарна платформа додека ѝ се приближуваа пламенот и густиот чад.

Видеото, снимено во петокот, ја прикажува жената како виси од прозорец додека чад и пламен се издигаат од соседниот прозорец, приближувајќи се кон неа. Пожарникар ја натерал да скокне на платформата за спасување два ката подолу, објавува „Ју-Ес Сан“.

Додека чадот и огнот се приближуваа кон неа, жената реши да ризикува и скокна од голема висина кон пожарникар, кој стоеше на платформа со раширени раце, чекајќи да ја прифати.

Според достапните информации, 13 лица се здобиле со полесни повреди во пожарот. Пожарникарите и другите служби за итни случаи реагирале на местото на настанот и успеале да го стават пожарот под контрола за помалку од три часа.

ИЗДВОЕНИ