вторник, јули 28, 2026
Дома БАЛКАН Земјотрес на Халкидики: Туристи го почувствувале на лежалки низ плажите во повеќе...

Земјотрес на Халкидики: Туристи го почувствувале на лежалки низ плажите во повеќе места низ Грција

0

Земјотрес со интензитет од 3,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран денес во Грција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), а туристите известуваат дека е почувствуван во Торони, Јерисос, Сикија и Тасос.

Според податоците на EMSC, епицентарот на земјотресот бил 23 километри југоисточно од градот Јерисос во северна Грција.

Земјотресот е регистриран во 10:30 часот по локално време, а засега нема информации за материјална штета или повредени.

„Земјотресот се почувствува на плажата во Торони, го почувствував додека бев на лежалка, потрес од два-три секунди“, е еден од коментарите на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Просторијата на Грција е сеизмички активна, па затоа благите земјотреси се релативно чести.

ИЗДВОЕНИ