четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Зеленски на Меѓународниот ден на невините деца: „Русија уби повеќе од 700...

Зеленски на Меѓународниот ден на невините деца: „Русија уби повеќе од 700 деца во Украина од почетокот на војната“

0
Фото: EPA/Christine Olsson SWEDEN OUT

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека Русија убила повеќе од 700 деца во Украина од почетокот на војната.

Зеленски нагласи на „Телеграм“ на Меѓународниот ден на невините деца – жртви на агресија дека Русија мора да „сноси одговорност за своите злосторства“, објави „Укринформ“.

– Од почетокот на големата инвазија, Русија уби најмалку 707 млади Украинци. Секоја смрт е дете чија иднина е одземена. Русија мора да биде одговорна за овие злосторства – нагласи тој.

Како што рече, Украина го почитува споменот на децата кои загинаа како резултат на војната на Русија против Украина на 4 јуни.

Денот на сеќавањето е воспоставен со резолуција на Врховната рада на Украина во 2021 година.

Меѓународниот ден на невините деца се слави секоја година на 4 јуни.

Овој ден е воспоставен со одлука на Генералното собрание на ООН на една од неговите специјални сесии за Палестина во 1982 година, пренесе „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ