четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Инцидент на аеродромот во Франкфурт: „Боинг 787“ се урна на пистата уште...

Инцидент на аеродромот во Франкфурт: „Боинг 787“ се урна на пистата уште не полетан, има и повредени/видео

1
Фото:википедија

Неколку лица се повредени денес на аеродромот во Франкфурт кога паркиран авион падна на пистата поради дефект на предното тркало.

Паркиран „Боинг 787“ на „Луфтханза“ се урна денес на пистата на аеродромот во Франкфурт кога предното тркало на авионот се лизнало неконтролирано, изјави портпарол на аеродромот.

Инцидентот наводно се случил околу 12:45 часот денес, додека авионот бил паркиран до терминалот, пренесува Tagesschau.

Луфтханза соопшти дека предниот оклоп за слетување на „Боинг 787-9“ одеднаш се срушил додека авионот бил паркиран на Терминал 1. Неколку вработени се повредени, соопшти авиокомпанијата.

Авиокомпанијата не прецизираше колку лица се повредени или каква е сериозноста на нивните повреди. Техничари и екипи за итни случаи се на местото на настанот.

„Луфтханза“ соопшти дека екипажот и персоналот биле во авионот во тој момент и дека патниците сè уште не се качиле.

Авионот требало да лета за Лос Анџелес, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ