Пожар во нерегистриран дом за стари лица во Шри Ланка одзеде 12 животи, а осум други беа повредени, соопшти полицијата денес.
Пожарот избувна доцна синоќа во домот во градот Ангуруватота.
Педесет и еден жител беа спасени, изјави портпаролот на полицијата.
Тој рече дека во домот се сместени и лица со ментални болести.
Директорот на домот е уапсен под сомнение за предизвикување смрт од небрежност.
Директорот на Националниот секретаријат за стари лица рече дека објектот не е регистриран како дом за стари лица и претходно бил предупреден да ги почитува законите и прописите.
Тој додаде дека домот бил преполн, со кревети наменети за околу 15 лица, додека таму живееле 71 лице, пренесе „Бета“.












