Украина се подготвува да извезува оружје, затоа што произведува повеќе отколку што им е потребно на нејзините вооружени сили, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
– Во некои производствени области, моментално имаме до 50 проценти вишок капацитет. Извозот на украинско оружје ќе стане реалност. Украинската армија секогаш ќе има право на приоритет и доволно снабдување – ќе земе сè што ѝ е потребно, а количината над тоа ќе оди за извоз – рече тој.
Зеленски посочи дека Украина веќе соработува со земјите од Блискиот Исток, Европа и Кавказ, во рамките на посебен формат на соработка познат како „договори за беспилотни летала“, а „на маса е предлог за нашите американски партнери“. Договорот би можел да вклучува извоз на беспилотни летала, одбранбени системи и други видови оружје и се смета за начин за зајакнување на финансиската состојба на земјата.
Украина значително го зголеми производството на оружје откако Русија ја почна целосната инвазија пред повеќе од четири години.












