понеделник, септември 14, 2026
Дома СВЕТ Зеленски го разреши главниот обвинител со претседателски указ

Зеленски го разреши главниот обвинител со претседателски указ

0
Фото: EPA/SARAH MEYSSONNIER / POOL MAXPPP OUT

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши Руслан Кравченко од функцијата главен обвинител на Украина, според објавениот претседателски указ, објави „Еуроњуз“.

„Да се ​​разреши Руслан Андријович Кравченко од функцијата главен обвинител“, се наведува во документот.

Оваа одлука е донесена во согласност со член 11, став 2 од Законот на Украина „За правниот режим на воената состојба“. Имено, за време на воена состојба, шефот на државата може да одлучи да ги разреши функционерите чие именување и разрешување се во негова надлежност и да ги довери тие должности на друго лице за соодветниот период.

ИЗДВОЕНИ