Украинскиот претседател Володимир Зеленски, го одликуваше американскиот бизнисмен Илон Маск за, како што е објавено, „извонредни лични достигнувања во заштитата на човечките животи и слободата во развојот на односите меѓу народите на Украина и Соединетите Американски Држави“.
Неодамна, американските медиуми пишуваат дека Зеленски очекува поширока употреба на можностите на Старлинк.
За време на неговата последна средба со американскиот претседател Доналд Трамп, тој побара поддршка за ова прашање, но Трамп, според медиумските извештаи, не даде јасен одговор.
Самиот Маск одби да се сретне со Зеленски, а медиумските извештаи наведуваат дека тој го отфрла користењето на Старлинк од страна на Киев за напади длабоко на руска територија.












