среда, август 26, 2026
Дома МАГАЗИН Почина актерот Тим Кари – мозочниот удар во 2012 година го остави...

Почина актерот Тим Кари – мозочниот удар во 2012 година го остави делумно парализиран и му ја промени кариерата

1
EPA/PETER FOLEY

На 80-годишна возраст, почина Тим Кари, филмски и телевизиски актер кој публиката го памети по улогата на д-р Франк-Н-Фуртер во култниот класик „Роки хорор шоу“.

Кари починал доцна навечер во вторникот, во својот дом во Лос Анџелес, пренесуваат странските медиуми. Полицијата потврди дека добила повик на неговата адреса во 23:23 часот и дека неговата смрт не укажува на кривично дело.

Кари ја започна својата кариера во Холивуд кон крајот на 1960-тите, а стана познат со улогата во филмот „Роки хорор шоу / „The Rocky Horror Picture Show“. Иако првично игнориран од критичарите, филмот на крајот доби култен статус благодарение на полноќните проекции, феномен што се повторл децении подоцна со „Собата“ / „The Room“.

Публиката го памети како кловнот Пенивајз во адаптацијата на романот на Стивен Кинг „Тоа“ / „It“ од 1990 година и како г-дин Хектор во филмот „Сам дома 2“ / „Home Alone 2: Lost in New York“. Тој глумеше и во филмовите „Ени“ /”Annie” , „Лов на црвениот октомври“ / The Hunt for Red October, „Семејството Адамс: Повторно обединување“ / „Addams Family Reunion
“ и „Страшен филм 2“ / „Scary Movie 2“.

Кари беше активен во филмот и театарот во текот на целата своја кариера, но сериозните здравствени проблеми го забавија во последната деценија.

Во 2012 година, тој доживеа тежок мозочен удар, по што остана делумно парализиран на левата страна и мораше да користи инвалидска количка. По ударот, подложеше на операција на мозокот, а минатата година, во времето на објавувањето на неговите мемоари „Скитник“, тој рече дека сè уште не може да оди.

ИЗДВОЕНИ