СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.С. (48) од Тетово поради сомнение за сторено кривично дело „измама“, со кое оштетил едно лице за 14.460 швајцарски франци.
Според пријавата, во текот на 2025 година осомничениот склучил договор со оштетениот за изработка на железни материјали во вредност од 20.450 швајцарски франци, со договор тие да бидат испорачани во Швајцарија преку приватна шпедитерска фирма.
Откако нарачката била изработена и фактурирана, М.С. исплатил само 5.999 швајцарски франци на жиро-сметка, додека преостанатиот долг од 14.460 франци не бил подмирен.
Оштетениот во повеќе наврати се обидел да стапи во контакт со пријавениот, но тој бил недостапен, по што случајот бил пријавен во полиција.












