Речиси 10 милиони граѓани од еврозоната учествуваа во јавната анкета на Европската централна банка (ЕЦБ) за новиот изглед на евро-банкнотите. Гласањето траеше од 23 јули до 21 септември 2026 година, а граѓаните избираа меѓу десет предлози, поделени во две теми – „Европска култура“ и „Реки и птици“.

Конечната одлука за дизајнот се очекува до крајот на 2026 година. При изборот ќе се земат предвид резултатите од анкетата, мислењето на стручното жири и техничките процени. Новата серија ќе има унапредени заштитни елементи, подобрен релјеф и поеколошки материјали. Нејзиното постепено пуштање во оптек се очекува од почетокот на 2030 година.
Старите евро-банкноти нема да ја изгубат вредноста. Тие ќе продолжат да важат и ќе циркулираат паралелно со новите банкноти, сè до нивното постепено повлекување.












