Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, информираше дека се завршени три краци на улицата „102“ во Волково, но дека ќе се продолжи со изградбата на уште четири.

Тој истакна дека со реализацијата на проектот, жителите ќе добијат околу 2.000 метри нова улична инфраструктура, што ќе придонесе за подобра сообраќајна поврзаност и за поквалитетни услови за живот.

– Создавањето современа и функционална инфраструктура останува еден од нашите приоритети, затоа што секое маало заслужува рамномерен развој и подобри услови за секојдневно функционирање – потенцираат од локалната самоуправа.

 

ИЗДВОЕНИ