По иницијатива на Општина Чаир, на улицата „Методија Митевски“ е реализирано исцртување на хоризонталната сообраќајна сигнализација и на пешачките премини, со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
Активностите ќе продолжат и на други улици во Чаир, согласно со предвидениот план, со цел обезбедување појасна сигнализација и побезбедно движење за сите учесници во сообраќајот.












