недела, септември 20, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Затворени се операционите сали во болницата во Гостивар, потврди директорот Бајрами

Затворени се операционите сали во болницата во Гостивар, потврди директорот Бајрами

317

Се намалува бројот на случаи со стомачни тегоби во градската болница. Директорот Емри Бајрами вели за весникот ВЕЧЕР дека сите новозаболени се со лесни симптоми, а едно дете е задржано на ден-два и наскоро ќе биде пуштено на домашно лекување.

Тој ја потврди информацијата дека се затворени операционите сали во болницата поради неможност за стерилизација на медицинската опрема и на инструментите.

– Дека се затворени салите, ги информиравме и во Министерството за здравство, сите акутни случаи ги праќаме во Тетово – ни изјави д-р Бајрами. (П.А.)

 

ИЗДВОЕНИ