недела, септември 20, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Донација за струшките пожарникари

Донација за струшките пожарникари

84

Уште еден хуман гест од нашите иселеници во Швајцарија денеска беше реализиран како поддршка за Територијалната противпожарна единица – Струга.

Сограѓанинот, Ќендрим Кала, кој работи во Општина Урдорф во Швајцарија и воедно е доброволен пожарникар во противпожарната единица на истата општина, донираше 41 комплет професионална заштитна опрема отпорна на пожар, покажувајќи солидарност и поддршка кон своите колеги во родниот град.

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќyра, изрази искрена благодарност за оваа вредна донација, упатувајќи честитки до Ќендрим Кала и до сите млади луѓе од дијаспората кои, иако живеат и работат надвор од татковината, не го забораваат своето родно место и продолжуваат да придонесуваат за својата заедница.

На крајот, градоначалникот му посака на Ќендрим многу успех во професионалниот и личниот живот, изразувајќи уверување дека ваквите примери претставуваат инспирација за солидарност и заедништво во интерес на Струга.

 

ИЗДВОЕНИ