Затворен аеродромот Тиват поради дојава за бомба

81

Аеродромот Тиват беше привремено затворен за сообраќај околу 18:30 часот по дојава за наводно поставена експлозивна направа во авион, соопшти аеродромот во Црна Гора.

Компанијата наведува дека сите патници се евакуирани и се наоѓаат на безбедно место.

„Аеродромските служби, во согласност со пропишаните процедури за вакви случаи, чекаат сигнал од надлежните органи за повторно воспоставување на редовен сообраќај“, соопшти аеродромот.

ИЗДВОЕНИ