сабота, јуни 6, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Запленета марихуана на граница Дојран, ја криеле во кутии со еурокрем

Запленета марихуана на граница Дојран, ја криеле во кутии со еурокрем

164

Полицијата на граничниот премин „Дојран“, според неофицијални информации, спречила обид за шверц на околу 10 килограми марихуана, која била сокриена во пластични пакувања со различни прехранбени намази.

Според информациите, македонски државјани со рент-а-кар возило се обиделе дрогата да ја пренесат кон Грција. Марихуаната била распределена во околу 50 пластични кутии за да не предизвика сомнеж при граничната контрола.

Само во изминатиот период, на истиот граничен премин бил спречен и обид за транспорт на поголема количина марихуана во товарно возило.

Полицијата и царината најавуваат дека ќе продолжат со засилени контроли на граничните премини со цел спречување на шверцот и другите форми на организиран криминал.

ИЗДВОЕНИ