На плажата Билин Жал во Лумбарда на островот Корчула е забележано краткорочно фекално загадување на морето поради зголемена концентрација на бактерии Ешерихија коли, поради што пливањето не се препорачува до понатамошно известување.
Краткорочното фекално загадување е потврдено за време на шестото редовно тестирање на квалитетот на морето за капење, спроведено од Институтот за јавно здравје на Дубровник-Неретванската жупанија, објавува Index.hr.
„Утврдено е дека резултатите од анализата на морето за капење на плажата Билин Жал ја надминуваат граничната вредност за бактериите Ешерихија коли“, наведува Институтот.
Земањето мостри од морето ќе се повторува сè додека не престане загадувањето, за што се известени Инспекторатот за заштита на животната средина и другите надлежни инспекторати, пренесува „Танјуг“.












