среда, јули 8, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Заеднички патроли на македонски и српски полицајци ќе се грижат за безбедноста...

Заеднички патроли на македонски и српски полицајци ќе се грижат за безбедноста во Охрид

9

Полициски службеници од Министерството за внатрешни работи во Србија од денеска до 31 август, заедно со припадници на македонската полиција, патролираат во Охрид, во рамките на заедничките полициски патроли.

Активноста се реализира врз основа на протоколот за соработка во текот на туристичката сезона, а денеска и официјално почна функционирањето на мешовитите полициски патроли.

Од СВР Охрид информираат дека заедничките патроли треба да придонесат за поголема безбедност на граѓаните и на бројните туристи од Србија што летуваат во Охрид.

Во текот на патролирањето, српските полициски службеници ќе постапуваат согласно со законодавството на Република Македонија, нема да носат оружје и ќе им даваат поддршка на македонските полицајци.

Пред официјалното започнување на ангажманот, српските полицајци беа запознаени со одредбите од македонските закони за внатрешни работи и за полиција.

 

ИЗДВОЕНИ