Од утре е задолжителна употребата на ТАГ-уредите за сите возила од четврта категорија – товарни моторни возила.
Оваа мерка е воведена со цел зголемување на протокот на сообраќај, намалување на времето за задржувањето на наплатните станици и унапредување на безбедноста и ефикасноста на системот за електронска наплата на патарина (ЕНП), како и воведување наплата на патарина на патиштата од понизок ред за товарни моторни возила.
Новиот систем ќе функционира без наплатни станици, а ќе се користат истите ТАГ-уреди што веќе се во употреба.












