Jавното претпријатие „Стрежево“ – Битола информира дека почнал периодот на забрана за лов на пастрмка во акумулацијата „Стрежево“.
Од јавното претпријатие што стопанисува со вештачката акумулација посочуваат дека ќе трае забраната до 31 јануари 2027 година и е со цел да се обезбеди заштита на пастрмката во периодот на природна репродукција и овозможување услови за одржување и унапредување на рибниот фонд.
Од ЈП „Стрежево“ апелираат до сите риболовци доследно да ја почитуваат забраната и со одговорно однесување да придонесат за зачувување на рибниот фонд и за заштита на природните богатства на акумулацијата „Стрежево“.












