среда, јуни 10, 2026
Дома БАЛКАН Вучиќ: Планирам да поднесам оставка за три-четири месеци, можеби и порано, веќе...

Вучиќ: Планирам да поднесам оставка за три-четири месеци, можеби и порано, веќе ги пакувам книгите во кабинетот

43
Фото: EPA/ANDREJ CUKIC

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека планира да поднесе оставка за „три до четири месеци, можеби и порано“.

Тој за време на гостувањето на Радио Белград, зборувајќи за потенцијалните датуми за одржување вонредни избори, рече дека „нема да биде изненадувањето за никого“, и дека не сака да и дека не сака да каже „дека го скратувам мојот мандат, туку дека поднесувам оставка“.

„Почнав да ги пакувам книгите во кабинетот. Ги прашав пријателите кој може да прими 500 книги, ќе подарам 1.200 кои ги имам добиено за време на мандатот на некоја установа, уште размислувам на која“, рече Вучиќ.

Исто така тој додаде дека секој ден размислува за сопствената кандидатура за премиер, како и за нова кандидат за претседател на актуелната власт.

„Тоа ќе биде некој поодговорен, се осмелувам да кажам и пообразован, поеергичен и човек кој знае што е држава. Секако дека ќе биде пообразован од нивните два кандидата (ректорот Владан) Ѓокиќ и (кошаркарот Дејан) Бодирог, рече Вучиќ.

Тој најави денеска дека на митингот што ќе се одржи на 27 јуни во Белград ќе ќе излезе со името на листата на СНС за претстојните предвремени парламентарни избори, за кои рече дека ќе се одржат за неколку месеци.

Тој го кажа ова, додавајќи дека изборите нема да се одржат во јули и август.

„Избори ќе има за неколку месеци. Дали ќе се одржат за три или за четири месеци, тоа е веќе друго прашање, техничко прашање…Ќе почекаме овој најбогатиот дел од Србија да се врати од Шпанија, Португалиа и сите останати дестинации, и да уживаат во текот на летото. Нема да се одржи ни во јули ни во август, тоа е сигурно. А, дали ќе бидат распишани, тоа е друга рабтоа, но нема да биде во јули и август, рече Вучиќ.

Зборувајќи за најавениот митинг на 27 јуни во Белград, Вучиќ ги повика сите граѓани да дојдат, да слушнат, како што рече, убава порака.

„На тој митинг на 27 јуни нема да плукаме по никого, нема да зборуваме лошо за оние што ја тероризираа оваа земја година и пол, нема да зборуваме лошо за оние што ги кажуваат најлошите работи за нашите деца. Затоа што сакаме да ја покажеме разликата помеѓу љубовта и омразата. Сакаме да ја покажеме разликата помеѓу љубовта кон татковината, љубовта кон нашата земја, кон нашиот народ и омразата што ја излеваат секој ден“, рече Вучиќ.

Тој изјави дека на тој ден државата ќе излезе со план и програма, но името на листата на СНС ќе биде познато и пред најавените предвремени избори.

Додаде дека идејата е да се доведат деца на митингот на 27 јуни и да им се овозможи да си играат.

 

ИЗДВОЕНИ