четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Временски пресврт: дожд, ветер и снег – викендот носи студен бран!

Временски пресврт: дожд, ветер и снег – викендот носи студен бран!

59

Утре се очекуваат повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, со количина над 20 литри на квадратен метар, а можни се и ретки појави на грмежи. На повисоките места дождот ќе преминува во снег, а на планините ќе врне снег и ќе се формира нова снежна покривка – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 8, а максималната ќе достигне од 4 до 15 степени.

За време на викендот времето ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи со послаб интензитет. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, особено изразен по должината на Повардарието.

В понеделник се очекува привремено стабилизирање на времето, а нов бран врнежи се најавува од вторник.

ИЗДВОЕНИ