Поради ремонт на пругата Скопје – Зелениково за градскиот воз, од утре времено нема да има возови од Скопје за Велес, Гевгелија и за Битола.

Од понеделник до 1 јули, времено нема да сообраќаат дел од патничките возови во земјава, и тоа од Скопје во правец кон Велес, Гевгелија и кон Битола, поради завршни градежни работи за проектот „Градски воз“.

– Поради изведување на завршните градежни работи на пругата Скопје – Велес, на делницата од станица Скопје до станица Зелениково, за потребите на проектот „Градски воз“, привремено од 22 јуни 2026 до 1 јули 2026 година нема да сообраќаат неколку воза – соопштија од ЈП „Македонски железници – Инфраструктура“.

Станува збор за патничките возови на релација: Скопје – Гевгелија 611 (6:20 часот) и 631 (16:55 часот); Гевгелија – Скопје 630 (4:30 часот) и 632 (17:02 часот); Скопје – Битола 641 (7:06 часот) и 645 (20:05 часот); Битола – Скопје 640 (3:10 часот) и 644 (18:22 часот); Битола – Велес 642 (12:46 часот); Велес – Битола 643 (15:25 часот); Скопје – Велес 2083 (22:40 часот) и Велес – Скопје 600 (5:00 часот).

ИЗДВОЕНИ