среда, ноември 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Двајца вработени на УГД осомничени за манипулации со електронскиот индекс, „инкасирале“ 21.000...

Двајца вработени на УГД осомничени за манипулации со електронскиот индекс, „инкасирале“ 21.000 евра

1

Основното јавно обвинителство Штип поведе постапка против две лица поради сомненија дека како соизвршители сториле кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1, како и Компјутерска измама според член 251-б став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Пријавените, во својство на службени лица – вработени во Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип ја искористиле службената положба со што прибавиле за себе поголема материјална корист.

Во периодот од 2021 до 2026 година, пречекорувајќи ги границите на своите службени должности и овластувања, второосомничената, вработена како референт за студентски прашања на еден од факултетите, по добиени насоки од првиот осомничен раководител на Секторот за ,,Е-Индекс”, внесувала во информатичкиот систем на Универзитетот невистинити податоци. Со незаконити дејствија на менување, бришење или прикривање на податоците во базата за електронски индекс пријавените предизвикувале невистинити резултати при електронската обработка и преносот на податоците, а за сметка на тоа се стекнувале со материјална корист која во моментов се проценува на 21.000 евра.

Јавниот обвинител до судијата на претходна достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

ИЗДВОЕНИ