четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Вработен во РЕК „Осломеј“ лажно пријавил бомба за да си замине порано...

Вработен во РЕК „Осломеј“ лажно пријавил бомба за да си замине порано од работа

66

Полициски службеници од Полициското одделение Осломеј вчера го лишија од слобода Р.Б.(44) од Кичево, вработен во РЕК Осломеј.

Тој, во 02:25 часот испратил порака на својот шеф со која го информирал дека, имал сознание дека во еден оддел во РЕК „Осломеј“ има поставена бомба. По преземени мерки и извршени проверки со обезбедувањето, полициски службеници констатирале дека нема поставено бомба и се работи за лажно пријавување.

По преземени мерки, Р.Б. е пронајден во викенд куќа во кичевското село Осломеј и е лишен од слобода. Притоа, тој признал дека е лажна пријавата и дека го измислил тоа за да може порано да си замине од работа.

Р.Б. е задржан во Полициската станица Кичево и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ИЗДВОЕНИ