понеделник, септември 21, 2026
Дома СВЕТ Фицо: Западот бара изговор за воен судир со Русија

Фицо: Западот бара изговор за воен судир со Русија

20
EPA/JAKUB GAVLAK

Словачкиот премиер Роберт Фицо оцени дека Западот бара изговор за конфликт со Русија за да ја прикрие својата неспособност да ги реши сопствените проблеми.

„Воената реторика на Западот и потрагата по изговор за воен конфликт со Русија имаат за цел да ја скријат неспособноста на либералниот свет да се справи со суштински предизвици, како што се цените и снабдувањето со енергенси и гориво, како и илегалната миграција“, напиша Фицо на Фејсбук.

Фицо изјави дека нема да дозволи словачките трупи да бидат вовлечени во каков било воен конфликт поттикнат од земја-членка на НАТО.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека со зголемувањето на воените буџети, НАТО поттикнува глобална милитаризација и трка во вооружувањето, пренесува Танјуг.

Тој оцени дека тоа е поттикнато од лажни тврдења за наводна руска закана – наративи што западните елити ги користат за да извлечат пари од даночните обврзници и да ги оправдаат сопствените економски неуспеси.

ИЗДВОЕНИ