понеделник, јуни 8, 2026
Дома БАЛКАН Војната во Иран почнува да ја ослабува Европа, предупредува Ердоган

Војната во Иран почнува да ја ослабува Европа, предупредува Ердоган

33
EPA/ABEDIN TAHERKENAREH

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во разговор со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер изјави дека војната во Иран почнува да ја „слабее Европа“.

Ердоган и Штајнмаер вчера разговараа по телефон за турско-германските односи, како и за војните во Иран и Украина, објави кабинетот на турскиот претседател на социјалните мрежи.

„Претседателот Ердоган рече дека војната во регионот почнала да ја ослабува и Европа“, се вели во соопштението.

Според Би-Би-Си, Ердоган, исто така, предупреди дека „штетата од периодот на конфликт ќе биде многу поголема“ ако конфликтот не се реши мирно.

ИЗДВОЕНИ