понеделник, јуни 29, 2026
Дома МАГАЗИН Во среда последно збогум за Владо Јаневски

Во среда последно збогум за Владо Јаневски

1

Семејството на Владо Јаневски ја информираше јавноста за терминот и местото на последното збогување со познатиот македонски музичар, кој почина на 66-годишна возраст.

Сите кои ќе сакаат да му оддадат последна почит на Владо Јаневски ќе можат тоа да го направат во среда (1 јули) во капелата на Градските гробишта во Бутел, во периодот од 10 до 11 часот.

Погребот ќе се изврши веднаш потоа на гробиштата во Бутел.

Со неговото заминување, македонската музичка сцена загуби еден од своите најзначајни автори и изведувачи, чии песни ќе продолжат да живеат и да бидат дел од колективната меморија на многу генерации.

ИЗДВОЕНИ