Една од балкански музички ѕвезди, која е во последно време скоро најслушана, Преслава,го претстави својот најнов музички бисер со насловот „Кафе“. Само неколку саати по објавувањето на песната, публиката се навлече. Се редат бројни позитивни реакции, а фановите не штедат комплименти. Па,во шега сите велат дека згодната Бугарка Преслава е таа која вари највкусно кафе на Балканот! Песната и видеоспотот премиерно беа објавени на официјалниот YouTube канал на пејачката.По се изгледа на пејачите од Бугарија им тргнало со меѓународните успеси, по победата на Песна на Евровизија.
Илјадници прегледи, позитивни коментари и бројни пофалби од обожавателите се доказ дека Преслава повторно успеа да ги погоди точно во центар. Видеото е реализирано во препознатлив стил, со модерна продукција и впечатлива визуелна приказна. Режијата му е доверена на Луси Иларионов, зад камерата е застанат Христо Спиридонов, додека за светскиот изглед на Преслава се погрижија шминкерот Цецо Андреев и фризерката Бери. Фотографиите за промотивната кампања ги изработи Георги Малев.
Самата песна „Кафе“ има современ поп-фолк звук, заразен ритам и енергија која лесно освојува уште при првото слушање. Дополнителен впечаток остава и видеоспотот, во кој Преслава се појавува во неколку елегантни модни комбинации, внимателно вклопени во луксузната атмосфера на проектот. Многумина веќе прогнозираат дека песната ќе биде неизоставен дел од забавите и музичките настани во празничниот период кој следува. Со новиот проект, Преслава уште еднаш потврдува зошто со години е меѓу најслушаните пејачки, но и најзгодните на балканската музичка сцена. (Д.М.) фото:ФБ












