вторник, ноември 17, 2026
Дома БАЛКАН Хашим Тачи осуден на 17 месеци затвор за попречување на правдата

Хашим Тачи осуден на 17 месеци затвор за попречување на правдата

0

Хашим Тачи е осуден на 17 месеци затвор, Башким Смакај и Фадил Фазлиу беа осудени на 12 месеци, додека Хередин Кучи доби условна казна од еден месец со рок на проверка од една година, додека Исни Килај беше ослободен од обвиненијата поради недостиг на докази.

Четворицата косовски Албанци беа прогласени за виновни за попречување на службено лице, мешање во кривична постапка и непочитување на судот – сè во врска со судење за воени злосторства, во кое Хашим Тачи беше осуден на 25 години затвор, додека неговите соработници добија казни од 13, 18 и 25 години.

Судот ги прифати наводите на обвинителството дека судењето за воени злосторства се одвивало во атмосфера на постојано заплашување, што довело до тоа некои сведоци да ги променат своите искази.

Во пресудата, судот наведе конкретни примери: за време на посетите кај Хашим Тачи во јули, септември и октомври, Тачи открил информации во врска со судењето и идентитетот на сведоците, и им дал јасни упатства на посетителите – наменети да им бидат пренесени на сведоците – за тоа како треба да сведочат.

Во однос на најмалку еден од овие сведоци, самиот Тачи изјавил дека тоа лице е од клучна важност за главното судење.

Клучни докази за одлуката на судот беа аудио снимки направени за време на овие посети, податоци од печатач во притворската единица што се користел за печатење доверливи документи, како и материјали пронајдени при претреси спроведени на Косово. Судот наведе дека Хашим Тачи ќе ја издржува казната откако ќе заврши главното судење за воени злосторства и, евентуално, откако пресудата ќе биде потврдена; додека Смакај и Фазлиу се пуштени на слобода, бидејќи веќе поминале повеќе од 12 месеци во притвор – што одговара на времетраењето на нивните казни.

Ова е првостепена пресуда на која може да се поднесе жалба.

ИЗДВОЕНИ