четврток, јуни 18, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Во последното деноноќие: Поднесени се четири пријави за семејно насилство, од слобода...

Во последното деноноќие: Поднесени се четири пријави за семејно насилство, од слобода се лишени три лица

45

Во последното деноноќие се лишени од слобода три лица, примени се вкупно четири пријави за семејно насилство.

Според извештајот на МВР, доцна синоќа, во 01:30 часот, во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Д. (55) од Велес, кој престојува во Охрид, постапувајќи по пријава од неговата 21-годишна невенчана сопруга дека во домот во кој престојуваат во Охрид физички ја нападнал, а притоа го удрил и нивното бебе. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 03.05.2026 во 01:30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Б.Д. (55) од Велес, кој престојува во Охрид, постапувајќи по пријава од неговата 21-годишна невенчана сопруга дека во домот во кој престојуваат во Охрид физички ја нападнал, а притоа го удрил и нивното бебе. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 02.05.2026 во 18:00 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе лишија од слобода 50-годишен маж од Свети Николе, постапувајќи по претходна пријава од неговата 55-годишна сопруга, дека во семејниот дом физички ја нападнал. При извршени проверки, било констатирано дека И.Б. е под дејство на алкохол, односно дека има 1,29 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

На 02.05.2026 во 23:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.Р.(39) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 37-годишна сопруга, дека во семејниот дом физички ја нападнал и упатил закани и и го оштетил мобилниот телефон. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

 

ИЗДВОЕНИ