среда, февруари 4, 2026
Дома СВЕТ Во невремето во Велика Британија загина едно лице, 177.000 домови се без...

Во невремето во Велика Британија загина едно лице, 177.000 домови се без струја

281

Маж (40) загина за време на бурата Дара во Велика Британија, а Здружението за енергетски мрежи соопшти дека 177.000 домови во Англија, Шкотска и Велс се без струја.

Еден човек, кој возел комбе, загинал денеска кога дрво паднало врз неговото возило, а полицијата соопштила дека итната помош била повикана околу 9 часот по локално време по инцидентот во Лонгтон, соопшти полицијата во Ланкашир.

До денес во 11.30 часот, 325.000 домови, фарми и деловни објекти низ Ирска останаа без струја поради невремето, соопшти ESB Networks.

ИЗДВОЕНИ