понеделник, септември 14, 2026
Дома СВЕТ Прв удар на зимата уште во септември: Алпите забелеа/ФОТО

Прв удар на зимата уште во септември: Алпите забелеа/ФОТО

0
Фото: Facebook / Kitzsteinhorn

Само неколку дена по календарскиот почеток на метеоролошката есен, Австрија ја зафати првиот краток бран на зимата, барем во повисоките планински предели. На познатите алпски масиви Дахштајнглечер (Dachsteingletscher) и Кицштајнхорн (Kitzsteinhorn) падна нов снег, а мерните станици забележаа и до осум сантиметри снежна покривка.

Управата на скијалиштето на Дахштајн објави фотографии од падините покриени со снег и порача дека се веќе подготвени за „вистински зимски амбиент“.

На Кицштајнхорн во тек се подготовки за почетокот на скијачката сезона, која, според најавите, би требало да започне на 10 октомври, доколку снежните услови тоа го дозволат.

Глечерите Дахштајн и Кицштајнхорн се наоѓаат на надморска височина од 2.995, односно 3.203 метри. Во долините, сепак, нема снег – пониските подрачја ги зафатија слаби врнежи од дожд и магла.

ИЗДВОЕНИ