петок, септември 25, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Во кафеана организирале борба со кучиња, кривична за тројца

Во кафеана организирале борба со кучиња, кривична за тројца

0

Кумановската полиција им поднесе кривична пријава на три лица поради организирање борба со кучиња во кафеана во селото Черкези. Ќе одговараат за делото убивање и мачење на животни.

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против С. Р. (35) с. Камењане, Општина Боговиње, А. М. (28) од с. Челопек, Општина Брвеница и С. А. (41) од с. Черкези, Кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично убивање и мачење животни. На 23.03.2026 во објект на поранешен угостителски објект во с. Черкези, пријавените организирале и овозможиле борба со кучиња, соопштуваат од МВР.

ИЗДВОЕНИ