четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Во Гостивар уапсени двајца млади возачи – возеле без возачка

Во Гостивар уапсени двајца млади возачи – возеле без возачка

44

МВР информира дека вчера попладне полициски службеници во Гостивар извршија две одвоени контроли, при што приведоа двајца млади возачи.

Првиот случај е во 17:40 часот на улицата „Илинденска“, каде била запрена М.М.(19) од селото Чајле.

Таа управувала патничко возило „шкода“ со гостиварски регистарски ознаки, а проверката покажала дека нема возачка дозвола.

Возилото ѝ е одземено.

Два часа подоцна, на улицата „ЈНА“, полицијата го уапси Т.М. (21) од селото Равен, кој управувал „опел корса“ со гостиварски регистарски ознаки.

Било утврдено дека тој возел без возачка дозвола, па возилото било е одземено.

По целосно документирање на случаите, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

ИЗДВОЕНИ