Во Европската Унија во 2025 година, 16,5 проценти од луѓето над 16 години користеле тутун и слични производи како што се електронски цигари, никотински кесички (снус) и други, објави денес Европската статистичка служба – „Евростат“.
Како што е наведено, ова е мало намалување во споредба со 2022 година, кога 17,5 проценти од населението на ЕУ било регистрирано како пушачи.
Податоците покажуваат дека 20,8 проценти од мажите пушат секој ден, додека 12,6 проценти од жените го прават тоа.
На прво место по бројот на корисници на тутунски производи меѓу земјите од ЕУ е Бугарија со 26,3 проценти, Шведска со 23,9 проценти и Хрватска со 23,6 проценти, додека најмалку тутун се консумира во Холандија со 9,9 проценти, Ирска со 11,7 проценти, Белгија со 13,6 проценти и Луксембург со 13,8 проценти.












