четврток, ноември 5, 2026
Дома СВЕТ Рубио му врти грб на Трамп? Се шпекулира за заминување од администрацијата...

Рубио му врти грб на Трамп? Се шпекулира за заминување од администрацијата и кандидатура во 2028 година

0
EPA/WILL OLIVER

Американскиот државен секретар Марко Рубио би можел да ја напушти администрацијата на претседателот Доналд Трамп по поразот на републиканците на среднорочните избори, со цел да се подготви за кандидатура на претседателските избори во 2028 година, објави британскиот весник „Индипендент“, повикувајќи се на извори во американските републикански кругови и британската влада.

Според весникот, Рубио се споменува како еден од можните кандидати за републиканската претседателска номинација, а негов главен потенцијален ривал би можел да биде потпретседателот на САД Џ.Д. Венс.

Изворите велат дека напуштањето на администрацијата би му овозможило на Рубио да се дистанцира од политиките на Трамп, особено во врска со војната во Иран, која се наведува како една од причините за изборниот пораз на републиканците. Некои републикански извори проценуваат дека останувањето во администрацијата би можело негативно да влијае на неговите претседателски амбиции, додека во исто време се шпекулира дека Трамп би можел да ја префрли одговорноста за изборниот неуспех на одредени членови на неговиот кабинет.

Други извори блиски до Белата куќа велат дека Рубио не покажал никаква намера да ја напушти функцијата и дека би можел да остане во администрацијата за да помогне во обезбедувањето стабилност. Рубио во септември изјави дека нема планови да се кандидира за претседател и дека е целосно посветен на своите должности во администрацијата.

Белата куќа ги отфрли обвинувањата на британскиот весник како неосновани, додека Стејт департментот го нарече извештајот лажна вест.

ИЗДВОЕНИ