четврток, ноември 5, 2026
Дома МАГАЗИН Бизарен инцидент на Малдивите: Тројца нуркачи го нападнале инструкторот под вода и...

Бизарен инцидент на Малдивите: Тројца нуркачи го нападнале инструкторот под вода и се обиделе да му ја симнат маската за дишење/ВИДЕО

0
Foto: Printscreen/X

Двајца нуркачи на Малдивите се степаа под вода на длабочина од околу 15 метри, при што едниот од нив беше снимен на камера како се обидува да му ја извади маската на другиот.

Кинескиот инструктор по нуркање, Сјао Ду, кој во тој момент не бил на должност, нуркал со пријател кога, како што рекол, тројца нуркачи им се приближиле.

Наведувајќи дека местото за нуркање било преполно, Ду им кажал на локалните медиуми дека еден човек одеднаш допливал до него одоздола и го турнал.

Кога човекот се обидел да отплива, неговите перки го погодиле Ду, кој се обидел да ги оттурне. Инцидентот, според г-дин Ду, довел до жестока подводна борба.

Се обидел да му ја извадат маската за дишење?

Видеото покажува друг човек, за кого Ду тврди дека е локален водич за нуркање, како го фаќа за рака. Додека Ду се обидува да го оттурне водичот со нозете (кои се покриени со перки), друг нуркач се чини дека посегнува по неговото лице.

Ду подоцна им кажал на локалните медиуми дека успеал да се извлече и кога излегол на површина, се соочил со нуркачите.

На видеото, кое подоцна е снимено на бродот, може да се види како кинески инструктор за нуркање му вика на човек на друг брод, велејќи:

– Дојдовте до мене, ме зграпчивте! Се обидовте да ми го земете регулаторот. Се обидовте да ме убиете под вода, тројцата! Тројца против еден, тоа е многу грубо!

Компанијата изјави: Инцидентот го сфаќаме многу сериозно
Во меѓувреме, компанијата Maldives Legend Fleet, со која Ду и неговиот пријател нуркаа, потврди дека имало инцидент во кој биле вклучени нуркачи од еден од нивните крузери за нуркање и водич од друг брод, наречен Infinity X.

– Свесни сме за видео што циркулира на интернет, а кое се однесува на инцидент од 28 октомври 2026 година на локацијата „Куда Рах Тила“, во кој биле вклучени нуркачи од еден од нашите бродови и водич за нуркање од друг брод – се вели во соопштението.

– Овој инцидент го сфаќаме многу сериозно. Безбедноста во нуркањето отсекогаш била наш врвен приоритет и ќе продолжиме да преземаме сите мерки за да обезбедиме безбедна и фер средина на секое место за нуркање. Ја слушнавме верзијата на настаните од нашите гости и го пријавивме инцидентот до надлежните органи за истрага. Со оглед на тоа што надлежните органи во моментов се занимаваат со ова прашање, нема да коментираме понатаму за конкретните детали.

Директорот за продажба и маркетинг на Maldives Legend Fleet потврди дека компанијата суспендирала еден од своите водичи за нуркање по инцидентот што се случил под вода.

– Врз основа на информациите што ги имаме, конфликтот започнал со инцидент во кој учествувал водич за нуркање од друг брод и еден од нашите гости, по што интервенирал нашиот тим за нуркање. Свесни сме дека последователно се изнесени сериозни обвинувања во врска со однесувањето на нашиот професионален нуркач. Овие обвинувања, заедно со сите околности на инцидентот, бараат внимателна и непристрасна истрага – рече тој.

ИЗДВОЕНИ