четврток, јуни 11, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА „Внатрешни сили“ пренасочуваат пациенти од државно во приватно здравство

„Внатрешни сили“ пренасочуваат пациенти од државно во приватно здравство

Алиу не се откажува од докторскиот отисок како доказ за работа

317

Министерот за здравство Азир Алиу во изјава за медиумите откри дека имаат сознанија од пациент за случај за злоупотреба на листата на чекање. „Оди пациентот да се оперира го враќаат назад да направи нова крна слика, пациентот прави нова и излегува дека била добра“, вели министерот и додава дека е на добар пат да се среди проблемот со листите на чекање за операција. „Листата на чекање веќе е транспарентна, но решението не е потполно или не се ажурира во реално време или пак се ажурира но листата е многу долга.

Министерот се осврна и на проблемот со пренасочување на пациенти од државното во приватното здравство, рече се правеле проверки кои се тие „внатрешни сили“ кои го поттикнувале тоа , но сеуште било рано да се открива повеќе.

„Мора да се реши административно, веќе е воспоставен системот на отисоци од прст, бидејќи законски и по договор докторите и медицинскиот персонал треба да бидат на работното место и со тоа да знаеме дека се на работа“, вели Алиу и кажа дека системот пилотски се применува на три Клиники, инфективна , дел од ТОАРИЛУЦ и трансфузиологија. „Секоја промена наидува на отпор, но ќе знаеме кој работи и прекувремено,а  ќе падне притисокот од тие  што повеќе работат, а некои воопшто не доаѓаат на работа, вели министерот кој одбележува година од функцијата. Најави дека се бара решение за луѓето со траен инвалидитет да не одат на секои 6 месеци да носат документи пред Комисијата за нега. (П.А.)

 

ИЗДВОЕНИ