понеделник, јуни 8, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Владата прогласи кризна состојба од 30 дена поради зголемена појава на пожари

Владата прогласи кризна состојба од 30 дена поради зголемена појава на пожари

579
Фото:Ѕ.Плавевски

Прогласена е кризна состојба во земјава поради зголемена појава на пожарите, во траење од 30 дена, соопшти портпаролката на Владата, Марија Митева по завршувањето на седницата на Владата. Оваа одлука е донесена по денешните состаноци поради сложеноста на теренот, високите температури, силните ветрови и ризикот за животната средина.

„Ова на терен значи се овозможува интегриран пристап и координирано дејстување на сите надлежни институции, Армијата, полицијата, противпожарната, Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), како и локалните самоуправи. Ќе се мобилизираат сите ресурси, човечки, технички, логистички, со цел да се справиме со пожарите и заштита на населението“, кажа Митева.

Таа рече дека Владата ќе обезбеди итна и навремена помош за сите засегнати подрачја заради спречување поголеми последици.

Според последните информации од Центарот за управување со кризи, до 12:30 часот имаше десет пожари на отворен простор, од кои 9 се уште активни, меѓу кои и оној во Опшина Чучер-Сандево помеѓу селата Блаце и Чучер, каде два дена гори мешана шума и ниска вегетација и кој утринава е ставен под контрола.

ИЗДВОЕНИ