петок, јули 31, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Владата прогласи 30-дневна кризна состојба на целата територија на државата поради зголемени...

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба на целата територија на државата поради зголемени ризици од пожари

0

Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на државата поради зголемените ризици и опасности од пожари на отворен простор и шумски пожари, во времетраење од 30 дена, почнувајќи од утре.

Одлуката има цел да овозможи навремено и координирано справување со состојбата, како и мобилизација на сите расположливи институционални капацитети за заштита на граѓаните, нивниот имот и природните ресурси.

Ќе биде активиран Главниот штаб при Центарот за управување со кризи, кој ќе заседава постојано и во рок од 24 часа треба да подготви акциски план за превенција и справување со пожарите.

Владата ги задолжи сите органи на државната управа да ги стават на располагање своите човечки и материјално-технички капацитети и да постапуваат согласно прописите за управување со кризи, со цел навремена и ефикасна реакција на терен.

ИЗДВОЕНИ