Изложбата ги собра локалните ресторани, винарници и угостителски компании, кои преку своите понуди ги претставија автентичните гастрономски вкусови, традицијата и туристичките приказни од регионот. Преку соработката меѓу студентите и локалните угостители, се зајакнува препознатливоста на регионот и се создаваат нови можности за развој на туризмот и на локалната гастрономија. Настанот претставуваше можност студентите, професионалците и пошироката јавност да се поврзат и инспирираат преку вкусови, идеи и нови туристички визии

Со сплет игри од гевгелискиот крај на членовите на Ансамблот „Бојмија“, еден од најрепрезентативните претставници на богатата македонска фолклорна ризница, викендов, во Гевгелија почна 17. туристичко-гастрономска изложба. Оваа веќе традиционална манифестација е насочена кон алтернативните пристапи во туризмот, со акцент на локалната кујна, винската култура и на одржливиот развој. Настанот претставуваше можност студентите, професионалците и пошироката јавност да се поврзат и инспирираат преку вкусови, идеи и нови туристички визии.

Изложбата ги собра локалните ресторани, винарници и угостителски компании, кои преку своите понуди ги претставија автентичните гастрономски вкусови, традицијата и туристичките приказни од регионот. Преку соработката меѓу студентите и локалните угостители, се зајакнува препознатливоста на регионот и се создаваат нови можности за развој на туризмот и на локалната гастрономија.

Деканката на Факултетот за туризам и бизнис-логистика, проф. д-р Наташа Митева, потсети дека туризмот не се гради само со привлечни дестинации туку и со култура, емоции и со автентични доживувања. Таа истакна дека токму ваквите настани го афирмираат кулинарскиот туризам – културно искуство засновано врз локалните начини на подготовка на храната и традиционалните техники.

Во своето поздравно обраќање, претседателката на Советот на Општина Гевгелија, Анета Стамкова, истакна дека оваа изложба е потврда за континуитетот и за посветеноста во создавањето можности за практична едукација, промоција на младите таленти и афирмација на гастрономијата од регионот.

Продеканката за настава, д-р Душица Попова, потенцираше дека изложбата прераснала во место каде што се среќаваат образованието, локалната економија, гастрономијата, туризмот и традицијата, создавајќи вредност за Гевгелија, за регионот и за иднината.

– Пред 17 години, оваа манифестација ја почнаа самите студенти, а потоа им се приклучија рестораните и угостителските објекти, создавајќи заедно нешто што денес е препознатлив белег на градот и вистински празник на вкусови и идеи – истакна Попова.

Таа додаде дека изложбата е особена, затоа што претставува спој на вкусови, размена на идеи и енергијата што ја вложуваат студентите во подготовката на секој детаљ. Доктор Зоран Темелков, продекан за меѓународна соработка, потенцираше дека Гевгелија има огромен потенцијал да се развива како туристички и бизнис-центар.

Изложбата беше дополнително збогатена со поставка од стари предмети и традиционална облека, како и со краток видеофилм подготвен од етнокореологот м-р Силвестер Проле. Преку овие содржини, присутните имаа можност поблиску да се запознаат со богатото културно наследство на Гевгелија и на регионот.

И годинашната изложба уште еднаш потврди дека претставува вистински мост меѓу традицијата и иднината. Гевгелија нуди значајни економски, социјални, културни, но и здравствени придобивки.

Наследството, раскажувањето приказни и автентичноста се клучни елементи во интеракцијата со туристите, кои ја откриваат винската култура, дегустираат традиционална храна и истовремено уживаат во природното и културното богатство на овој регион.

(Љ. А.)

ИЗДВОЕНИ