Овој класичен рецепт ќе ве воодушеви со додавање на варени јајца, па затоа е идеален за ручек или вечера.
Состојки:
500 гр компири
3 варени јајца
2 јајца
200 мл. јогурт
лажица гранули лук
сирење по желба
сол, бибер, суви зачини
Подготовка:
Обилно премачкајте ја тавата со масло. Компирите исечкајте ги на кришки, зачинете со сол и бибер, додадете малку масло и измешајте.
На дното наредете половина од компирите, па варените јајца исечете ги на кругови и посолете ги. Одозгора ставете ја втората порција компири.
Скршете јајце во сад, додадете 30 мл јогурт. масло и млеко, па убаво измешајте. Се пече на 210 степени околу 50 минути.