„Брисел е опседнат со моите постапки“: Вучиќ смета дека е жртва на иста медиумска кампања како онаа против Трамп

108

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги отфрли критиките на ЕУ за неговото најавено присуство на парадата на 9 мај во Москва, обвинувајќи го Брисел дека е опседнат со неговите постапки, објави бриселскиит портал ЕУалајв.

Вучиќ во Мајами, каде што присуствуваше на митинг на владејачката Републиканска партија на САД, изјави дека медиумската кампања против американскиот претседател Доналд Трамп „ги користи истите тактики, наративи и суштина“ како кампањата против него во Србија.

Вучиќ исто така рече дека студентските протести во Србија се „тажна слика од минатото“.

ИЗДВОЕНИ