По сѐ изгледа првиот посериозен ладен зимски бран ни доаѓа на Балканот и во Македонија, најави Славчо Попоски. Со самиот почеток на следната седмица, односно од понеделник (23 ноември) па во деновите потоа Балканот и Македонија ќе навлезат во значително поладен период и северно воздушно струење.
Со продорот на значително поладен бран од север, температурите значително ќе опаднат а особено наутро ќе имаме и појава на минусни температури и на мраз.
Сепак, многу појасна метеоролошка слика околу ова сценарио за надоаѓање на зимата на Балканот и во Македонија, метеорологот вели дека ќе има во текот на викендот кој ни следува, што значи очекувајте детални и многу попрецизни анализи токму околу ова метеоролошко сценариот кое ни следува во текот на следната седмица, односно во третата декада на ноември.












